Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има здравствени проблеми поради кои размислува да се повлече од Ролан Гарос и да не настапи во четвртфиналето.
Ѓоковиќ имаше проблеми на дуелот против Франсиско Серундоло, но со пресврт успеа да стигне до победата.
„Последните недели чувствувам болка во десното колено, но сè до овој натпревар немав посериозни проблеми. Повеќе пати се лизнав, барав доктор и медицински тајм-аут. Не знам колку е сериозна ситуацијата, доколку се бришеше подот често, можеби ќе ја спречевме оваа повреда“, кажа Ѓоковиќ.