Ѓоковиќ мора да се вакцинира за да ја брани титулата во Мелбурн?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Владата на сојузната држава Викторија во Австралија донесе закон дека сите професионални спортисти мора да се вакцинираат против вирусот, а оваа одлука може да влијае и на Новак Ѓоковиќ.

Според одлуката на Владата до 26 ноември, сите вработени треба да бидат вакцинирани, а меѓу нив се и професионалните спортисти.

Останува да се види како Владата на сојузната држава ќе се однесува кон спортистите кои немаат постојан престој во Австралија.

Засега тоа се однесува на локалните спортисти, но многумина шпекулираат дека тоа е најава за ригорозни мерки пред големиот тениски турнир.

Доколку тоа се случи,т огаш сите тенисери кои сакаат да учествуваат на првиот гренслем-турнир следната сезона ќе мора до крајот на ноември да се вакцинираат.