Ѓоковиќ напаѓач неверојатн подвиг на Федерер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е на добар пат оваа сезона да освои трофеј на секој од натпреварувачките рангови.

Ѓоковиќ триумфираше на АТП-турнир од серијата 250 во Тел Авив, откако го совлада Марин Чилиќ, а веќе славеше на Мастерсот од серијата 1000 во Рим, додека беше најдобар и на гренслем-турнирот во Вимблдон.

Ова значи дека му недостигаат само трофеј во категоријата 500 и Завршниот Мастерс за да оствари подвиг, каков што му успеал само на Роџер Федерер во 2010 година.

Турнирот во Астана на кој ќе учествува Ѓоковиќ е од серијата 500, но таму ќе има пеколна конкуренција затоа што ќе играат Карлос Алкараз, Данил Медведев, Стефанос Циципас, Каспер Руд и други.