Ѓоковиќ не игра во САД, но овие тенисери може да го вратат на врвот на АТП-листата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не доби дозвола за настап на турнирите во САД, па поради тоа го загуби тронот на АТП-листата, но тоа наскоро би можело да се промени, ако Карлос Алкараз не ја освои титулата во Мајами.

Шпанскиот тенисер се наоѓа на три чекори до титула на Флорида, а таа би му обезбедила опстанок на првото место пред почетокот на земјените турнири.

Првиот ривал на патот кон трофејот ќе му биде Тејлор Фриц,а доколку слави против Американецот, тогаш ќе се соочи против Јаник Синер.

Од другата страна на ждрепката треба допрва да се решат некои работи, но се очекува да заигра во финалето против Данил Медведев.