Ѓоковиќ не ја освои титулата во Монте Карло, но го зголеми водството пред Синер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше разочаран по поразот во полуфиналето на Монте Карло од Каспер Руд, но и покрај тоа ја зголеми предноста пред Јаник Синер.

Ѓоковиќ освои дополнителни 310 поени во Монако и сега има 10.035 поени, а зад него е Синер со 1.285 бода помалку од Србинот.

Шпанецот Карлос Алкараз остана на третата позиција, додека во топ-5 се и Данил Медведев и Александар Зверев.