Ѓоковиќ не може на мир да се вози ни во авион – го нападнаа поради еден детал! 📸


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ остана без можност да ја брани титулата на Австралијан опен, откако беше депортиран од страна на австралиските власти.

Ѓоковиќ се врати во Белград по депортацијата од Австралија, а една фотогорафија од авионот предизвика дополнителни контроверзи.

На Србинот му замеруваат што немал маска на лицето додека читал книга во авионот. Маската е задолжителна во сите авио-компании и поради тоа Ноле е во центар на внимание.

Најдобриот тенисер во светот при неговиот краток престој во Австралија ги почитуваше мерките и постојано носеше маска, но по влегувањето во авион решил да ја тргне, а за многумина таквиот потег е неприфатлив и нов доказ дека Ѓоковиќ не се грижи за пандемијата.