Ѓоковиќ не најде решение за Синер во финалето во Шангај


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ загуби од Јаник Синер во финалето на турнирот во Шангај со 0-2 во сетови, односно 6-7 и 3-6.

Ѓоковиќ беше одличен во првиот сет и сервираше одлично сè до тај-брејкот каде што почнаа проблемите и Синер стигна до 7-3.

Србинот се распадна во вториот сет, откако Синер направи брејк во четвртиот гем (3-1) по што сервираше без проблеми за 6-3.