Ѓоковиќ: Не жалам за ништо, зашто тоа може да ме повреди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се надева дека ќе може да настапи на Ју-Ес Опен, затоа што во следниот период ќе се укинат правилата за ковид-19 во САД.

САД треба да го укине правилото за влез на невакцинирани странци, па така Ѓоковиќ ќе може да настапи на гренслем-турнирот.

„Не жалам за ништо. Во мојот живот научив дека тоа може да ве повреди и да ве натера да живеете во минатото, а јас не го сакам тоа. Не сакам ниту да живеам во иднината. Сакам да бидам фокусиран на сегашноста. Секоја чест за Алкараз, кој заслужи да биде прв на АТП-листата“, кажа Ѓоковиќ во интервју за „Си-Ен-Ен“.

Ѓоковиќ поради забраната за влез во САД оваа година не може да настапи на турнирите во Индијан Велс и Мајами.