„Ѓоковиќ нема да го освои Ролан Гарос“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ загуби од Лука Нарди во третото коло на Индијан Велс, а тоа со задоволство го дочекаа неговите критичари.

Поранешниот тенисер Радмило Арменулиќ прогнозира дека црната серија на Ѓоковиќ ќе продолжи и тој нема да освои титула на Ролан Гарос.

„Ова е најтешкиот пораз во неговата кариера. Играше очајно и направи многу грешки. Треба да продолжи да работи за да се врати во форма. Сепак, нема да го освои Ролан Гарос, а нема да го освои ниту златото во Париз. Има многу други тенисери кои се фаворити, како што се Синер, Алкараз, Медведев и Зверев“, кажа Арменулиќ.

Ѓоковиќ останува во САД каде што ќе настапи на Мастерсот во Мајами.