Ѓоковиќ откри дали ќе настапи на Вимблдон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ успешно го почна турнирот во Монте Карло и славеше со 6-1 и 6-2 против Роман Сафиулин.

Ѓоковиќ по натпреварот доби прашање дали ќе настапи на Вимблдон, откако претходно кажа дека приоритет му се Олимписките игри.

„Ова е олимписка година, игрите се ретки и се одржуваат секоја четврта година. На Олимписките игри сакам да настапам во најдобро светло, но и на гренслем-турнирите“, кажа Ѓоковиќ и меѓу редови потврди дека ќе игра на Вимблдон, но и останатите важни натпреварувања.