Ѓоковиќ, по морбидните пораки, во свој стил им одговори на Хрватите!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По грознте напади, но и пораките за поддршка од Хрватска, следеше одговор од најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

Неодамна во Сплит се појави морбидна порака испратена кон Ѓоковиќ. Во центарот на градот пишуваше „Да умреш, тоа ни е желба, поздрав од Сплит. Ѓоковиќ, умри!“.

По големата прашина која се крена во Хрватска по срамниот графит, многумина беа згрозени, па веднаш беше избришана пораката.

Веднаш потоа пристигна уште една порака за Ѓоковиќ, но овој пат од Забок.

„Да живееш долго, тоа ни е желба. Поздрав од Забок! Ти благодариме“, пишуваше во пораката.

Ноле не им остана должен ниту на хрватскиот клуб Задар, кој му даде поддршка на Србинот по морбидната порака.

„Да живее Задар. Секое добро ви посакувам и ви благодарам на пречекот“, напиша Ноле.