Ѓоковиќ по поразот во Монте Карло: Не ми се верува…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби во осминафиналето на Монте Карло со 1-2 во сетови, односно 6-4, 5-7 и 4-6.

Ѓоковиќ по поразот кажа дека е разочаран со резултатот, но притоа му честиташе на неговиот ривал Лоренцо Мусети.

„Не можам ништо да кажам, освен дека сум разочаран и не ми се верува. Секогаш се надеваме на добар ден, но денеска не играв добро. Лоренцо беше одличен“, кажа Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ минатата година загуби во втората рунда од турнирот од Давидович Фокина.