Ѓоковиќ победи, па се пожали на повреда: Не е добро воопшто…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ даде коментар за повредата на задната ложа која го мачи уште од турнирот во Аделаида.

Ѓоковиќ на денешниот меч против Енцо Куако славеше со 3-1 во сетови, но во вториот сет мораше да бара медицински тајм-аут.

„Да бидам искрен, воопшто не е добро. Се чувствував подобро од претходниот меч и само тоа можам да го кажам. Се надевам дека ќе бидам подобар за следниот натпревар“, кажа Ѓоковиќ.

Србинот во следното коло игра против Бугаринот Григор Димитров.