Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ достави документи и поднесе молба за влез во САД за да игра на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами.
Братот на Ѓоковиќ, Ѓорче потврди дека српскиот тенисер ги поднел документите и се надева на позитивен одговор од САД.
„Тоа е нешто што за жал не е во наши раце, Ноле треба да добие посебна дозвола со оглед на тоа дека САД не дозволува влез на невакцинирани лица. Новак ги достави сите потребни документи, молба и сè останато, а директорите на турнирите сакаат да дојде, но властите ќе ја донесат конечната одлука“, кажа Ѓорѓе.
Да потсетиме, Ѓоковиќ со триумфот на Австралијан опен се врати на првата позиција на АТП-листата.