Ѓоковиќ: Се борев за да преживеам, ќе дадам сè за титула во Торино!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финале на завршниот турнир во Торино, откако беше подобра со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 7-6 од Тејлор Фриц.

Ѓоковиќ вчера имаше маратон против Данил Медведев кој го победи по три сета со 2-1, иако не мораше затоа што веќе имаше обезбедено место во полуфинале.

„Се борев за да преживеам. Не се чувствував многу добро по исцрпувачката битка со Медведев. Знаев дека морам да најдам решение за Фриц, кој е тенисер што има одличен сервис. Вториот сет го почнав лошо, но успеав да се вратам“, кажа Ѓоковиќ.

Србинот во финале ќе игра против подобриот од мечот меѓу Каспер Руд и Андреј Рубљов.