Ѓоковиќ се обиде да управува авион, а потоа беше изненаден од пилотот (Фото)


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Најдобриот спортист на планетата и најдобар тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ го користи времето кое го има на располагање за целосен одмор и подготовка за претстојната турнеја во Австралија на почетокот од 2025 година, каде што ќе го напаѓа 25. грен слем титула.

А очигледно Ѓоковиќ повеќе од ужива во сето ова, бидејќи во текот на вчерашниот ден беше потврдено дека ќе биде заштитна фигура на авиокомпанијата „Катар Ервејс“, а истиот ден и самиот се обиде да биде пилот.

Имено, тој седна заедно со двајца пилоти во симулатор за „Аирбус A380“, но очигледно тоа сепак беше „претешка“ задача, за што сведочи и коментарот кој го остави на Инстаграм.

„Пробав да тестирам лет на A380 во симулаторот. Мислам дека ќе ја оставам работата на овие момци, напиша Ноле, а не беше ни свесен дека еден од пилотите го познава 25 години.

Се покажа дека станува збор за човек со кој Новак играл тенис кога бил помлад, а како доказ приложи фотографија.

Сето ова се случило кога Ноле имал само 12 години, а споменатиот пилот бил две години постар во академијата на Никола Пилиќ.