Ѓоковиќ се пријави за Индијан Велс – ќе ја брка шестата титула!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа на листата со учесници за турнирот во Индијан Велс. Тоа доаѓа како големо изненадување, со оглед на фактот дека сите турнири на територијата на САД бараа вакинација како доказ за учество.

Информацијата на Твитер ја објави познатиот тениски новинар Михал Самулски и на листата може да се забележи дека Ѓоковиќ се наоѓа покрај Данил Медведев, Александер Зверев и Рафаел Надал.

Турнирот во САД ќе се одржи следниот месец, односно Индијан Велс е закажан за период од 7 до 20 март, меѓутоа уште не може со сигурност да се потврди дали Србинот ќе заигра на турнирот поради мерките кои се воведени поради ковид-19.

Ѓоковиќ во јануари беше депортиран од Австралија, по голема драма, па така остана без можност да ја брани титулата во Мелбурн, која ја освои Надал.