Ѓоковиќ се соблече на силниот дожд и танцуваше на концерт на Владо Георгиев (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ заедно со сопругата Јелена се опушти на концертот на Владо Георгиев во Херцег Нови.

Тенисерот одмара во Црна Гора пред продолжение на предизвиците во сезоната, а притоа со неговиот потег на концертот на Георгиев стана хит на социјалните мрежи.

Србинот неодамна играше финале на Вимблдон, но загуби по пет сета со 2-3 од првиот тенисер во светот Карлос Алкараз.