Ѓоковиќ урлаше на мечот против Џумхур: Кажи му да седне! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно излезе на крај со Дамир Џумхур во првото коло од Ју-Ес Опен, но првиот рекет во светот имаше проблеми со играта.

Тоа посебно се однесува на вториот сет кој Ноле го доби со 6-4, а во кој беше забележано негово урлање кон сопствениот тим.

„Кажи му да седне“, почна да урла Ѓоковиќ кој очигледно мислеше на некој од боксот со оглед на тоа дека Ју-Ес опен се игра без присуство на публиката.

„Ни прв, а најверојатно ни последен пат не сум викал кон својот бокс. Понекогаш такви работи се случуваат. Со викање го извадив бесот од себе“, кажа Ѓоковиќ.