Ѓоковиќ за малку ќе го пропуштел Вимблдон: Беше на дното, а сега не знае за пораз! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ минатиот викенд ја освои 20. гренслем-титула и третиот трофеј по ред на Вимблдон, со што ја продолжи неговата доминација во Лондон.

Сепак, пред само три години ретко кој можеше да го замисли Ѓоковиќ на место каде што е сега поради една прес-конференција.

Пресот за медиумите на Ѓоковиќ по поразот на Ролан Гарос во 2018 година покажа дека српскиот тенисер нема голема самодоверба и имаше повреда на лактот, но Србинот успеа да се врати.

Ѓоковиќ беше поразен во четвртфиналето од Марко Чекинато со 1-3, а по мечот беше разочаран и кажа дека не знае дали ќе настапи на Вимблдон, а од тогаш до сега има дури 21 победа по ред на Вимблдон со три освоени трофеи.

„Не знам дали ќе играм на трева. Не знам што ќе правам. Навистина не знам. Извинете, не можам да ви одговорам“, кажа Ѓоковиќ.