Ѓоковиќ: Жал ми е за Надал, но ќе се обидам да го освојам Монте Карло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ кажа дека жали затоа што Шпанецот Рафаел Надал нема да игра на Мастерсот во Монте Карло, а притоа посочи дека сака да ја освои титулата.

Надал го откажа настапот на турнирот во Монте Карло, затоа што сè уште не се рехабилитира по повредата.

„Тоа е загуба за турнирот и за тенисот затоа што Надал е убедливо најдобар тенисер на земјена подлога во историјата. Знаеме колку пати го освоил Монте Карло“, кажа Ѓоковиќ.

На турнирот во Монте Карло нема да игра ниту Карлос Алкараз, кој во моментов е еден од најдобрите тенисери во историјата.