Голем пресврт: Жоао Феликс не се сели ни во Сити ни во Јуве, следи преселба во Шпанија


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Како што пренесува шпанскиот весник „АС“, Жоао Феликс кариерата ќе ја продолжи во Шпанија, во редовите на Атлетико Мадрид.

Медиумот пишува дека младиот фудбалер бил заинтересиран да го облече дресот на „душекчиите“ кои го пикирале Феликс како идеална и долгорочна замена за Антоан Гризман кој наскоро ќе си замине од клубот.

Според Феликс најголеми шанси да игра првотимски фудбал е токму во Атлетико Мадрид, додека во Сити и Јуве е свесен дека на почетокот би бил само резерва. Токму затоа се решил преку неговите агенти да им соопшти на челниците на клубот од „Ванда Метрополитано“ дека е заинтересиран за ваков трансфер.