Голем триумф на Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабе“ (Видео)

Екипата на Манчестер Сити славеше голема, огромна победа на „Сантијаго Бернабе“ против Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ направија пресврт и со 2:1 го совладаа Реал Мадрид кој ќе има пеколно тешка задача да се пласира во четвртфиналето.

Иско го отвори резултатот во 60. минута од натпреварот, а потоа Габриел Жезус и Кевин Де Брајн за само пет минути направија пресврт и донесоа огромна победа од  гостувањето во Мадрид.