Голем удар за Интер: Лукаку нема да игра против Милан и Баерн Минхен!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Белгискиот репрезенативец и напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку се повреди и поради тоа го чека пауза од две недели.

Лукаку нема да настапи на два важни натпревари за Интер во Серија А и еден во Лига на шампиони, односно ќе го пропушти мечот против Кремонезе во Серија А, но и дербито против Милан на 3 септември.

Исто така, напаѓачот нема да му биде достапен на тренерот Симоне Инзаги ниту за мечот против Баерн Минхен во елитата.

Првите прогнози се дека Лукаку ќе се врати на теренот на дуелот против Торино на 11 септември.