Голема грешка на судиите: Лејкерс и Мемфис играле дополнителни 66 секунди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


НБА-лигата потврди дека натпреварот меѓу Мемфис гризлис и Лос Анџелес лејкерс траел дополнителни 66 секунди.

Судиите направиле грешка во третата четвртина од натпреварот, кога домаќините не завршиле еден напад, а часовникот од 1.14 бил вратен на 2.20 минути до крајот на тој период.

Никој не ја забележал грешката, па така дуелот се играл дури 66 секунди повеќе од предвиденото.

Натпреварот заврши во корист на Лејкерс со резултат 123-120.