Големиот борец Михајловиќ: Вчера ја напушти болницата, денес дојде на тренингот на Болоња (Фото)

Синиша Михајловиќ во текот  на вчерашниот ден ја напушти болницата откако ја одработи третата фаза од хемотерапијата.

Србинот не трошеше многу време и веќе денес се појави во тренинг центарот на Болоња каде го пратеше тренингот на неговиот тим.

Болоња ќе игра против Парма во сабота и се верува дека Михајловиќ ќе биде на клупата на овој натпревар.

На официјалниот сајт на Болоња беа објавени неколку фотографии од враќањето на Михајловиќ на тренинзите на клубот.