Горан Пандев се јави на социјалните мрежи: Не го злоупотребувајте моето име во политички цели


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев преку социјалните мрежи упати апел во овие тешки времиња неговото име да не биде злоупотребувани во политички цели во Македонија.

Името на Горан Пандев се спомнуваше во неколку објави на една политичка партија во нашата земја, па играчот мораше да се огласи на социјалните мрежи.

„Почитувани. Во овие тешки моменти за целиот свет кога се соочуваме со најопасниот вирус на глобално ниво, сакам да апелирам до политичките партии во Македонија, да престанат со ситно политичките игри. Оваа прилика ја користам да ги повикам политичките партии (во случајот комисијата на ВМРО ДПМНЕ) да престанат да го злоупотребуваат моето име. Ова е време кога ние во Италија се соочуваме со катастрофа од невидени размери. Апелот до сите е да останат дома и да ги следат препораките од надлежните. Секоја моја изјава која ќе биде ставена во контекст на политика ќе ја демантирам. Поздрав од Џенова, со почит, Горан Пандев“ –напиша Пандев.