Ѓорческа и Стоилковска напредуваа на ВТА-листата, Ивановски падна за две позиции


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше до 218. место на ВТА-листата, откако минатата недела стигна до полуфинале на турнирот во Скопје.

Напредок имаше и Магдалена Стоилковска, која освои нови два бода и се наоѓа на 1244. место, односно напредуваше за 68 позиции.

Во конкуренцијата на тенисери, Калин Ивановски и Горазд Србљак доживеаа мал пад на АТП-листата. Ивановски падна до 330. место, додека Србљак во моментов е на 1100. позиција.

Во топ-10 нема промени, односно Новак Ѓоковиќ останува прв со 11.795 бодови, додека втор е Карлос Алкараз со 8.535 бода.