Ѓорѓиев: Холандија не е моќна колку Полска, одиме на победа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските одбојкари денеска од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се соочат против Холандија во четвртото коло од групната фаза на Европското првенство.

Македонија веќе обезбеди пласман во осминафиналето, но сака да го избегне четвртото место и мора да оствари барем една победа на следните два меча, а првиот се игра против Холанѓаните.

„Овие средби против Холандија и Чешка се важни затоа што сакаме да ја избегнеме Италија, која е на нивото на Полска. Ако првиот сон беше да оствариме две победи, сега сонуваме да ја избегнеме Италија. Одиме на победа против Холандија и Чешка. Се надевам дека ќе славиме барем на еден меч за да го освоиме најмалку третото место“, кажа Никола Ѓорѓиев.