Градоначалникот на Њујорк доби дрес од македонскиот првак!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски средбата со градоначалникот на Њујорк, Ентони Адамс ја искористи да му подари дрес од МЗТ Скопје.

Муцунски учествуваше на Светскиот самит во рамки на Мрежата на силни градови, каде што член е и Општина Аеродром.

„Изминатите неколку денови, учествував на Светскиот самитот кој се организира во рамки на Мрежата на силни градови, каде членува и Општина Аеродром. Настанот кој е финансиран од страна на Европската унија и Стејт Департментот успеа во Њујорк да собере повеќе од 70 градоначалници од целиот свет. Од моја страна на градоначалникот на Њујорк, кој е домаќин на овој настан и истовремено голем фан на кошарката му врачив дрес од македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје. Сино белата боја на македонскиот шампион ќе биде дел од неговата канцеларија и во духот на спортот и спортските успеси на МЗТ, таа нека биде поттик за идни победи и симбол на меѓусебната соработка, поддршка и пријателство. Се гледаме оваа сабота во СРЦ Кале, да дадеме поддршка и да навиваме за МЗТ Скопје во финалето на Суперкупот“, објави Муцунски.