Грчки навивачи сред Скопје нападнале дете со дрес на Вардар (Видео)

Денеска на Рекорд, во центарот на Скопје, се случил инцидент кога грчки навивачи нападнале момче кое носело дрес на Вардар.

Навивачите го нападнале момчето, по што морала да реагира и полицијата и да спречи посериозен инцидент.

Грчките фанови пристигнале за дуелот меѓу женските екипи на Металург и ПАОК, кој ѝ припадна на екипата од Грција со 31-20.