Грешката на Саикам ѝ пресуди на Индијана, Бостон води во финалето на Истокот (Видео)


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Драматичен беше првиот натпревар меѓу Бостон и Индијана (133-128) во финалето на Источната конференција.

Бостон имаше добар почеток и водство од 12-0, но Индијана намали до крајот на првата четвртина на 31-34. Голема борба се водеше и во втората четвртина, а на полувреме резултатот беше 64-64.

Индијана поведе на почетокот на третата четвртина, но Бостон го возврати ударот и поведе со +13 (90-77), по што следеше контра-удар на Индијана.

Гостите имаа предност од 117-114, кога Бостон промаши напад и на 8,5 секунди пред крај Паскал Саикам направи голема грешка, која потоа беше казнета.

Бостон избори продолженија со неверојатна тројка на Браун, а потоа во продолженијата славеше со 133-128.