Гути го откри следното засилување на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид се подготвува за доаѓањето на Килијан Мбапе, но претседателот на тимот, Флорентино Перез веќе работи и на ангажман на други фудбалери.

„Кралевите“ ќе имаат напад предводен од Мбапе, Винисиус и Родриго, но Перез не се откажува и од Ерлинг Халанд од Манчестер сити.

Иако таа мисија изгледа невозможно во моментов, сепак легендарниот Гути во петокот даде интересна изјава која ги возбуди навивачите на „кралскиот клуб“.

„Халанд сака да игра за Реал Мадрид“, кажа Гути.

Оваа изјава дефинитивно ќе ја мотивира управата на „кралевите“ да тргне со сите сили и по потписот на Халанд.