Гути го „пецна“ Бензема: Игра Меси, игра Левандовски, не можам да разберам…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рајо Валјекано синоќа го совлада Реал Мадрид и тоа беше прв пораз оваа сезона за шпанскиот шампион во Ла Лига.

Легендарниот Гути при гостување во една емисија ги критикуваше „кралевите“, а искористи можност и да го „пецне“ Карим Бензема кој не настапи затоа што одмора за Мундијалот во Катар.

„Не можам да разберам некои работи. Игра Меси, игра Левандовски, како и останатите фудбалери. Мора да прифатите ризик од повреда пред Мундијалот, не смеете да го изневерите вашиот клуб“, кажа Гути.

Екипата на Столе Димитриевски синоќа ги искористи своите шанси и така Реал остана зад Барселона во Ла Лига.