Гвардиол сè подалеку од Мадрид и сè поблиску до Премиерлигата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дефанзивецот на Лајпциг, Јошко Гвардиол е желба на многу европски гиганти, а меѓу нив и на Реал Мадрид кој се обиде да го договори трансферот, но „ФутМеркато“ пишува дека Хрватот е сè подалеку од Шпанија и сè поблиску до Англија.

Трансферот на Гвардиол е премногу скап за „кралевите“, па предност им се дава на премиерлигашите Челси, Манчестер сити и Манчестер јунајтед

Доколку Гвардиол направи трансфер од 100 милиони евра, тогаш ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот и ќе го урне рекордот на Хари Мегваер.

Гвардиол има договор со Лајпциг до 2027 година.