Гвардиола ги коментираше шпекулациите за трансфер на Меси во Сити

Во минатите неколку денови се прошири приказната дека Лионел Меси на крајот на сезоната би можел да ја напушти Барселона.

Најголемата ѕвезда во историјата на Каталонците, наводно, е незадоволна со одлуките на управата и поради тоа не сака повеќе да игра за Барселона.

Англиските медиуми пишуваат дека Меси го избрал Манчестер сити за нов клуб, но сега се огласи и тренерот Пеп Гвардиола.

„Нема да зборувам за фудбалерите кои играат во други клубови. Мислам дека Меси таму ќе ја заврши кариерата. Тоа е моја желба“, кратко порача шпанскиот експерт.

Меси и Гвардиола соработуваа заедно во Барселона, а притоа освоија две титули во Лигата на шампиони и три во Ла Лига.