Гвардиола ќе плати 80 милиони евра за потписот на Лукаку?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ќе се обиде на лето да ангажира квалитетен напаѓач, а една од неговите желби е Ромелу Лукаку од Интер.

Англиските медиуми објавија дека „граѓаните“ се сериозно заинтересирани за Лукаку, кој го сметаат за идеална замена за Серхио Агуеро.

Белгиецот игра фантастично во дресот на Интер, а веќе има големо искуство во Премиер лигата.

„Нероаѕурите“ моментално имаат финансиски проблеми, па Сити ќе се обиде да ги искористи и ќе испрати понуда од 80 милиони евра. Притоа, на Лукаку му нудат многу повисока плата од актуелната која ја заработува во Милано.