Гвардиола вторпат оваа сезона се закити со признание во Премиер лигата: Го заслужи ли повеќепати…?! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е избран за најдобар во месец април кога е во прашање Премиер лигата.

„Граѓаните“ во четвртиот месец во годината одиграа пет натпревари во Премиер лигата и сите дуели ги добија, па Гвардиола сосема заслужено го освои ова признание.

Треба да се напомене дека Ливерпул на чело со Јирген Клоп исто така оствари пет победи, но се зема предвид тоа дека Сити го задржа првото место на табелата.

Интересно, иако „Граѓаните“ речиси цела сезона играат фантастично, а особено од Нова година, Гвардиола го доби само второто овосезонско признание за најдобар тренер на месецот. За пример, Пеп изминатите четири години е избран за менаџер на месецот.

Клоп исто така има две признанија, додека Солскјер, Бенитез, Еди Хов, Нуно Еспирито Санто и Хавиер Гарсиа признанија добија по еднаш.

Инаку, за најдобар погодок на месецот е избран оној на Еден Азар чија мајсторија против Вест Хем го воодушеви светот, а се уште сме во очекување да дознаеме кој ќе се закити со признанието играч на месецот.