Гвардиола загуби уште еден важен фудбалер: Нема да го имаме долго време…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити триумфираше во првото коло од групната фаза од Лигата на шампиони со 3-1 против Порто, но домаќинот остана без важен фудбалер.

Фернандињо влезе во игра во 85. минута, но не успеа да го заврши натпреварот, зашто се повреди во последните секунди од дуелот.

Искусниот фудбалер во 94. минута мораше да го напушти теренот поради повреда на ногата, а по мечот коментар даде и тренерот Пеп Гвардиола.

„Ова се лоши вести. Тоа е повреда која ја имаше и претходно. Нема да може да сметаме на него долго време“, кажа тажниот Гвардиола.