Хабиб ќе ја исполни последната желба на татко му и ќе се врати во рингот?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шампионот во лесна категорија во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов минатата сабота ја заврши кариерата по победата против Џастин Гејџи, но по само една недела Дена Вајт, првиот човек на организацијата, најави голем пресврт.

Хабиб по 29. победа во кариерата во исто толку натпревари вели дека ветил на неговата мајка дека повеќе нема да се бори, па се врати во Дагестан во своето родно село за да го продолжи мирниот живот.

Меѓутоа, во интервју за американските медиуми, Вајт кажа дека разговарал со Хабиб и верува дека постојат големи шанси Дагестанецот да се предомисли и да продолжи со борбите, односно да се бори барем уште еднаш.

„Хабиб и јас разговаравме. Беше многу емотивен по УФЦ 254 и неговата 29 борба. Мислам дека ќе брка 30-0. Неговиот татко сакаше таков резултат, па мислам дека ќе му ја исполни желбата“, вели Вајт.

Негов следен противник најверојатно ќе биде Џоеџ Сент Пјер.