„Хабиб слабееше пред борбите како луд зашто бегаше од мене, полесно му е да се бори со џуџиња“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Колби Ковингтон, борецот од УФЦ го предизвика рускиот ММА шампион Хабиб Нурмагомедов и го нарече кукавица затоа што никогаш не се борел против него во велтер категорија.

Хабиб кој се пензионираше по УФЦ 254 и победата против Џастин Гејџи настапуваше во велтер неколку пати, но се врати во лесна категорија и остана шампион со 29 победи во 29 меча.

Трипати го бранеше шампионскиот појас, но интересно е тоа што неколку дена пред борбата со Гејџи имаше повеќе килограми од дозволената граница, па во рок од шест дена загуби осум ипол килограми.

Нешто слично се случи и во 2018 година кога Нурмагомедов го победи Конор Мекгрегор на УФЦ 229. Поради вакви работи, Ковингтон вели дека тежината му давала предност во пониска категорија.

„Беше еден голем, легендарен американски херој кој на колеџ кажа дека кукавиците слабеат. И не зборувам за Ден Гејбл, кој со мене беше на колеџ, тој е легенда. Зборувам за себе. Зошто бараш предност во тежината против тие мали типови и тепаш џуџиња. Мислам дека јас сум причина зашто Хабиб не сакаше да дојде во оваа категорија“, вели Ковингтон.