Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓
Актуелниот шампион во Ф1, Луис Хамилтон најверојатно ќе потпише нов тригодишен договор со Мерцедес и ќе добие 120 милиони фунти од екипата.
Судбината на Хамилтон требаше да биде решена пред неколку месеци, но поради пандемијата на ковид-19 се одложија сите преговори и поради тоа немаше договор меѓу двете страни.
Се појавија дури и шпекулации дека Хамилтон ќе го напушти тимот на Мерцедес и ќе ја продолжи кариерата на друго место, но „Дејли Мејл“ објави дека такво нешто нема да се случи.
Британскиот медиум пишува дека Хамилтон се договорил со раководството на Мерцедес, па се чека само официјална потврда од страна на тимот.
Lewis Hamilton closing in on '£120million' Mercedes deal | F1 News by PlanetF1 https://t.co/BlcJGdscfI
— Patrick (@wall_pit) September 27, 2020