Хамилтон никогаш не бил толку бесен: Јас сум единствениот црнец во спорт во кој доминираат белците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Соединетите американски држави во последните неколку дена се потресени од големи протести околу смртта на Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицијата.

Полицијата го уби Флојд на улица иако тој им кажуваше дека не може да дише и не се спротивстави на фактот дека тие сакаа да го уапсат. Но, еден од полицајците не сакаше ни да го слушне и поради повреди на вратот, Флојд на крајот почина.

Неверојатните протести веднаш започнаа низ Америка бидејќи друг граѓанин во оваа земја беше убиен од полицијата. На протестите им се придружија многу познати личности, а повеќето на социјалните мрежи изјавија дека бараат правда за убиениот Флојд.

Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, исто така, зборуваше за сè, жестоко ги критикуваше сите што се дел од овој спорт затоа што никој не зборуваше за тоа што се случува во Соединетите држави.

“Ве гледам кои молчите, некои од најголемите sвезди и сепак решивте да молчите и на тој начин да ја поддржувате неправдата. Ниту еден знак или потег не е од мојата спортска индустрија во која доминира белците. Јас сум единствениот човек со темна кожи тука и повторно стојам сам. Сега знам дека би рекле нешто до сега, ако сакавте, но не сакате да застанете покрај нас. Само така знам какви луѓе сте “, налутено напиша Хамилтон, додавајќи.

“Само да се знае дека не стојам во одбрана на оние што палат згради и рушат сè пред нив, туку од луѓе кои мирно одат на протести и бараат правда. Нема да има мир се додека лидерите не направат промена. Ова не е само во Америка, туку и во Велика Британија, Шпанија , Италија и целиот свет. Начинот на кој се третираат малцинствата мора да се промени. Ние не сме родени со расизам и омраза во срцето, но учиме од оние што ги гледаме“.