Хамилтон потпишува за Ферари?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договорот на Луис Хамилтон со Мерцедес завршува на крајот од сезоната и прашање е дали Британецот по крајот на сезоната ќе биде заинтересиран да седне пак во болидот на германскиот тим.

Мерцедес размислува да се повлече од Формула 1, според информациите на германските медиуми Хамилтон веќе започнал преговори со Ферари.

На 12 февруари, Дајмлер ќе одлучи дали Мерцедес ќе остане во Ф1 со оглед дека има само загарантиран настап во 2020. година во „најбрзиот октански циркус на светот“ за 2020 година.

Германците планираат да ги намалат трошоците за 900 милиони евра, а најголем дел од парите би биле заштедени со напуштање на Формула 1, затоа што настапи во тој натпревар се најскапи.

Една од причините поради кои Хамилтон размислува да го напушти Мерцедес е можното заминување на Тото Волф од германскиот тим, бидејќи тој беше на чело на тимот за време кога Британецот ги освои титулите.

Хамилтон досега беше шест пати светски првак, а во наредната сезона ќе се обиде да се изедначи со легендарниот Михаел Шумахер.