Хамилтон: Сакам да се збогувам со Мерцедес со титула!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот возач Луис Хамилтон оваа година ќе вози за Мерцедес, по што следната се сели во конкурентот Ферари, откако потпиша повеќегодишен договор со италијанската екипа.

Хамилтон кажа дека ќе биде среќен ако успее со Мерцедес да освои титула во конструктори, но и да го симне од тронот Макс Ферстапен.

„Оваа сезона ќе биде со измешани емоции. Знам дека ова е последна авантура во Мерцедес и би сакал да освоиме барем уште една титула. Ако не е во индивидуална категорија, тогаш нека биде во конкуренција на конструктори. Ферари е друга приказна, но јас сè уште сум возач на Мерцедес. Кога ќе заврши оваа сезона, тогаш ќе зборуваме за мојот нов тим“, соопшти Хамилтон.