Хамилтон се сели во Ферари и ќе добива 70 милиони евра годишно!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон оваа сезона ќе вози за Мерцедес, по што ќе се пресели во големиот ривал Ферари.

Иако ова сè уште не е официјално потврдено од екипите, сепак сите светски медиуми пишуваат дека Хамилтон се договорил за соработка со италијанската екипа.

Хамилтон ќе вози на местото на Карлос Саинц, кој ќе замине од Ферари по крајот на оваа сезона, а Британецот ќе добие 70 милиони евра по сезона.

Засега не е познато на колку години ќе биде потпишана соработката меѓу Ферари и Хамилтон.