Хамилтон славеше во Германија и израмни рекорд на легендарниот Шумахер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Хамилтон денеска славеше на трката за Големата награда на Германија и го израмни рекордот на легендарниот Михаел Шумахер.

Хамилтон убедливо успеа да дојде до уште една победа во сезоната и да им покаже на сите дека и понатаму доминира во Формула 1.

Британскиот возач ја запиша 91. победа во историјата на Ф1 и така го израмни рекордот на Шумахер, па следниот викенд ќе има можност да го урне.

И денешната трка донесе многу возбудувања и откажувања, а најголем губитник е Валтери Ботас, кој стартуваше прв, но во 18 круг се откажа поради проблеми со болидот.