Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на првата трка за Големата награда на Катар во историјата, која се вози во завршницата на сезоната во Формула 1.
Седумкратниот светски шампион на патеката стигна до седмата победа сезонава, односно 102. триумф во кариерата откако водеше од самиот старт до крајот.
Второто место го освои Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул, а неговото заостанување во однос на Британецот беше околу 25 секунди. На третото место заврши возачот на Алпин, Фернандо Алонсо.
Хамилтон на првата трка во Катар возеше без грешка, откако претходно тргна од пол-позицијата, па брзо им избега на конкурентите. Ферстапен, од друга страна, тргна од шестата позиција, но за кратко време се проби до второто место.