Хандановиќ му кажа на судијата што има директно в лице! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус славеше во италијанското дерби против Интер со 3-2 и остана во игра за Лигата на шампиони (ЛШ).

Во неверојатен натпревар беа постигнати пет гола, а беа забележани и три пенали, два црвени картони и некои контроверзни одлуки на судијата Џампаоло Калваресе.

Судијата му досуди два пенали на Јувентус, а еден на Интер, по што подели по еден црвен картон на двете страни, а посебно внимание привлече пеналот за „Старата дама“ во 88. минута.

Од тој пенал Хуан Квадрадо им донесе три бода на „бјанконерите“, а бесен по натпреварот беше голманот на Интер Самир Хандановиќ, кој за време на мечот имаше што да му каже на судијата.

„Го уништи натпреварот“, кажа Хандановиќ.