Хановер бира ново засилување меѓу Кузмановски и ракометар на Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски наскоро би можел да го напушти Магдебург, по што ќе потпише за Хановер, каде што би добил важна улога во тимот, барем така пишуваат германските медиуми.

Хановер активно бара замена за Мортен Олсен, кој заминува од германскиот клуб, а во листата со желби се наоѓаат неколку ракометари, меѓу кои е и македонскиот репрезентативец.

Германскиот тим е заинтересиран и за вардарецот Сташ Скубе, кој го бараат уште неколку европски гиганти, па поради тоа пореална опција за нив во моментов е Кузмановски.